Незири-Коблер: Интерес за продлабочување на македонско-австриската соработка

Незири-Коблер: Интерес за продлабочување на македонско-австриската соработка

Министерот за економија Беким Незири денеска оствари средба со новоименуваниот амбасадор на Австрија, Ренате Коблер. Во фокусот на разговорот беа новите проекти во кои Република Македонија ќе земе активно учество и интензивирањето на соработката меѓу двете земји. 

Енергетската ефикасност е полето во кој е изразен заеднички интерес за реализација на проекти, поради што е неопходно интензивирање на разговорите на експертско ниво, со цел комплетна подготвеност од наша страна за вклучување во регионалните проекти од оваа енергетска област.

Вториот сегмент околу кој беше разговарано на средбата е можноста за подобрување на трговската и, воопшто, економската соработка, врз основа на трендовите на билатерална размена меѓу двете земји годинава. Министерството за економија изрази подготвеност за одржување на Втора седница на Мешовитиот комитет по Спогодбата помеѓу македонската и австриската Влада за економска, земјоделска, индустриска, техничка и технолошка соработка, за што е упатен и официјален допис до австриската страна.  Имено, согласно Спогодбата, двете земји изразиле интерес за соработка и развој во областите: енергија, железница, воздухопловство, телекомуникации, водостопанство, отпад и рециклирање, поради што министерот Незири пред Амбасадорката Коблер ја реафирмираше македонската позиција за потреба од одржување на седницата до крајот на оваа година.   

Скопје, 28.09.2015 

  • email Емаил на пријател
  • print принт верзија
Тагови
Нема тагови за овој текст
КОРИСНИ ЛИНКОВИ