Со континуираните реформи, Македонија станува составен дел од заедничкиот енергетски простор на Европа

Со континуираните реформи, Македонија станува составен дел од заедничкиот енергетски простор на Европа

„Финализирањето на овој двегодишнеиот ИПА проект е уште една потврда за важноста на процесот на европска интеграција за Република Македонија, бидејќи европската перспектива е  важна насока која придонесува за спроведување на суштински реформи во општеството, зајакнување на демократските стандарди и подобрување на животниот стандард - што претставува и наша главна цел“, истакна министерот за економија Беким Незири на церемонијата на затворање на проектот „Зајакнување на административниот капацитет на Секторот за енергетика во Министерството за економија и Агенцијата за енергетика“, неопходни за усогласување со законодавството за енергија и други релевантни обврски на ЕУ, а финансиран од ЕУ. Тој додаде дека  сигурен, одржлив и конкурентен енергетски сектор претставува еден од главните приоритети на Република Македонија, а главна цел е да се создаде стабилна регулаторна и пазарна рамка за привлекување на инвестиции во овој сектор, со цел да се овозможи континуирано снабдување со енергија, што е предуслов за економски развој и социјална стабилност.

Според министерот Незири во рамки на проектот беа изработени новите нацрт-текстови на Законот за енергетика и Законот за биогорива, како и разни стратешки документи од значење за понатамошниот развој на енергетскиот сектор, насоки за потенцијалните инвеститори и извештаи во врска со обврските на Македонија кон Секретаријатот на Енергетската заедница. Беа проучени модели на постоечките најдобри европски практики за да се овозможи поголема ефикасност при усогласувањето со законодавството од Договорот за енергетска заедница и законодавството на ЕУ за енергија и да се обезбеди стабилна законска и регулаторна рамка, како и поголем потенцијал за инвестиции во енергетскиот сектор.

Раководителот на соработка во Делегацијата на Европската Унија, како претставник од ЕК, г-дин Мартин Клауке објасни дека станува збор за проект со вкупен буџет од 1,6 милиони евра, финансиран од страна на Европската Унија, од кои 10 отсто беа национално кофинансирање. „ Овој ИПА проект ѝ помогна на земјата да ја подготви новата законска рамка, во согласност со правилата на енергетскиот пазар на ЕУ, како и да ги зајакне капацитетите за имплементација на правилата. Новиот Закон за енргетика има за цел да го транспонира европското законодавство за гас и електрична енергија, а пазарот на енергија да биде целосно ефективен и во согласност со европскиот. Ова ќе ви помогне да ги задржи цените на најниско можно ниво, да се зголемат стандардите на услугите и да се осигура безбедноста во снабдувањето. Воедно, развиени се повеќе стратешки документи, вклучувајќи и функционална анализа на институциите кои се вклучени во овој сектор, а сите овие активности се направени во тесна координација со Енергетската заедница“, рече Клауке, додавајќи дека со реформите коишто континуирано се спроведуваат, Македонија станува составен дел од заедничкиот енергетски простор на Европа, а ЕУ е подготвена да ѝ помогне на земјава и во понатамошните чекори за приближување кон Европа. 

Директорот на проектот г-ѓа Гордана Јуруковска (ATC Consultants GmbH) подетално ги објасни сите компоненти на проектот, осврнувајќи се на важноста на луѓето со јасна визија, кои беа дел од него и силното лидерство, кое овозможува институцијата надлежна за енергетика да функционира во насока на поставените европски цели.

Скопје, 13.08.2015

  • email Емаил на пријател
  • print принт верзија
Тагови
Нема тагови за овој текст
КОРИСНИ ЛИНКОВИ