“ЈАВНА РАСПРАВА ПО НАЦРТ ПРОГРАМАТА ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА СТРАТЕГИЈАТА ЗА РАЗВОЈ НА ЕНЕРГЕТИКАТА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ЗА ПЕРИОДОТ 2012-2016”

“Согласно член 11 од Законот за енергетика (Службен весник на Република Македонија број 16/2011 и 136/2011) по предлог на Министерството за економија, Владата на Република Македонија донесува Програма за реализација на Стратегијата за развој на енергетиката за период од пет години.

Со програмата се утврдуваат: мерките, условите, начинот и динамиката на реализација на Стратегијата, како и обврските на државните органи, органите на единиците на локалната самоуправа и вршителите на енергетските дејности што имаат обврска за обезбедување на јавна услуга. Во програмата ќе се утврдат и потребните финансиските средства за нејзина реализација, како и изворите и начинот на обезбедување на средствата.

Предлог програмата е изработена од страна на Македонската Академија на Науките и Уметностите во рамките на ГЕФ Проектот за одржлива енергија.

Заинтересираните страни можат да доставуваат свои забелешки, коментари, сугестии и предлози по нацрт програмата најдоцна до 20 јули 2012 година, во писмена форма до Министерството за Економија и/или во електронска форма на следните е-маил адреси: elena.kolevska@economy.gov.mk и andon.kirov@economy.gov.mk.”

 

 

  • email Емаил на пријател
  • print принт верзија
Тагови
Нема тагови за овој текст
КОРИСНИ ЛИНКОВИ