И З В Е С Т У В А Њ Е за Start Up камп во Риека, Хрватска 20-24 мај 2013

Амбасадата на САД во Загреб во соработка  со CISEX, бизнис инкубаторот  STEPRi, Универзитетот во Риека, CRANE и ZIP ќе биде домаќин на вториот Start Up камп во Хрватска.

Целта на Start Up кампот е да помогне одредени start up идеи да се развијат  во одржливи бизниси во реалните економии на Југоисточна Европа.

Минатогодишниот Start Up Vis  камп им помогна на многу млади претприемачи со што се создаде платформа за да им се помогне и на другите млади претприемачи во регионот.

На овогодинешниот Start Up камп кој ќе се одржи во Риека, од 20 до 24 мај, ќе се соберат учесници на кои,  за време на петдневната програма, преку различни работилници и индивидуални тренинзи ќе им се даде можност да ги презентираат своите идеи за започнување бизнис а истовремено ќе им се овозможи да се сретнат со врвни ментори и вложувачи во ризичен капитал од САД и Храватска.

Последниот ден, секој учесник ќе зборува за својата бизнис идеја, која ќе се оценува од страна на судии (судии ќе бидат ментори и претставници од истакнати медиуми и претприемачи) .

 

Првите три најдобри идеи ќе добијат награди. 

 

За учество на овогодинешниот Start Up камп ќе бидат избрани 30 учесници. 

 

За подетални информации за Start Up кампот во Риека ( апликација, трошоци за учество, сместување, пат и сл.) посетете ја веб страната на кампот   http://startupcamp.com.hr/.

 

 

 

  • email Емаил на пријател
  • print принт верзија
Тагови
Нема тагови за овој текст
КОРИСНИ ЛИНКОВИ