Продолжен рокот за Еурокомпозит

 

На 130. седница на Владата на Република Македонија одржана на 16.04.2013 година беше разгледана и усвоена Информацијата за продолжување на рокот по Јавниот повик за продажба на акциите на Република Македонија во друштвото „11 Октомври Еурокомпозит“ АД, Прилеп.

Согласно заклучокот на Владата на Република Македонија, ве информираме дека крајниот рок за подигање на тендерската документација по овој јавен повик објавен на 15.12.2012 година, а изменет со известување од 29.12.2012 година, наместо на 16.04.2013 година ќе биде на 03.06.2013 година.

Согласно ова, крајниот датум за доставување на понуди, наместо 18.04.2013 година, ќе биде на 06.06.2013 година, во 13 часот, а јавното отворање на понудите ќе биде 06.06.2013 година, во 14 часот.

Јавниот повик за прибирање понуди за продажба на акции на Република Македонија во „11 ОКТОМВРИ-ЕУРОКОМПОЗИТ“ АД Прилеп е објавен на интернет страната на  Министерство за економија:  www.economy.gov.mk

 

Скопје, 18.04.2013 

  • email Емаил на пријател
  • print принт верзија
Тагови
Нема тагови за овој текст
КОРИСНИ ЛИНКОВИ