Прогласени најуспешните 100 компании во северозападна Македонија

Прогласени најуспешните 100  компании во северозападна Македонија

Денеска министерот за економија Беким Незири се обрати на свеченaтa промоција на каталогот „Топ 100“, во кој е направен избор на најдобри компании од албанската бизнис заедница во Република Македонија, во организација на Стопанска комора на Северозападна Македонија. 

Изборот на „Топ 100“ се спроведува по петти пат и има за цел промоција на најмоќните албански компании на локалниот пазар. Промоцијата се врши преку каталог, што во себе содржи анализа на потенцијалот на компаниите на домашен пазар и придонесот во вкупниот Бруто домашен производ на земјата.

„Радува фактот што прометот на најголемите 100 компании во Северозападна Македонија за 2014 година изнесува  околу 600 милиони евра, при што нето - приходот изнесува 33 милиони евра, а бројот на вработени е речиси 5 илјади, што е доказ за развојот на овие компании, благодарение на мудрите бизнис одлуки и стратегии на нивните менаџери и квалитетниот избор на човечки ресурси ангажирани во нив, посочи Незири, додавајќи дека овие параметри за фирмите во Северозападна Македонија, остварени во 2014 година се уште еден показател за позитивните тенденции во економијата на Македонија, кои забележуваат нагорна линија во континуитет. 

Во име на домаќините се обрати претседателот на Стопанска комора на Северозападна Македонија Хоџа кој воедно искористи прилика да ја честита десет годишнината од основањето на комората, истакнувајќи дека и понатака ќе продолжат да ја спрведуваат мисијата за застапување на интересите на членките на комората како на локално така и на меѓународно ниво, со надеж дека следните дест години ќе бидат поуспешни во поглед на поголема поддршка на женското преприемништво, инкорпорирање на општествено одговорни практики и развивање на нови технологии и практики од аспект на развој на високите меѓународни станадрди. 

Пред присутните се обрати и заменик претседателот на Владата задолжен за спроведување на Рамковен договор Муса Џафери, кој споделувајќи го задоволството од десетгодишното постоење на Стопанската комора на северозападна Македонија, ги покани присутните претставници на бизнис секторот на отворено партнерство и соработка со сите комори, со надеж дека соледните десет години ќе бидат поуспешни, а комората побогата за уште поголем број на членови. 

Меѓу најуспешните за 2014 година се вброија  „Нептун“, „Алма-М“, „Ге-Мак“, „Принце“, „Пофикс“ и др. 

Скопје, 25.11.2015

 

  • email Емаил на пријател
  • print принт верзија
Тагови
Нема тагови за овој текст
КОРИСНИ ЛИНКОВИ