Министерот Беким Незири се сретна со Амбасадорот на САД, Н.Е. Џес Бејли

Министерот Беким Незири се сретна со Амбасадорот на САД, Н.Е. Џес Бејли

Министерот за економија Беким Незири и Амбасадорот на САД во Македонија, Џес Бејли остварија заедничка средба, на која беше потврдено значењето од взаемната економска и политичка соработка, која претставува основа за реализација на прироритетите на двете земји.

Амбасадорот Бејли исткана дека САД и Република Македонија имаат потенцијали за воспоставување на уште поцврсти економски односи, заеднички просперитет и баланс во политичките односи, при што САД остануваат силни поддржувачи на Република Македонија за нејзина интеграција во евроатланските структури, следејќи ја политичката и економската димензија на Република Македонија во овие процеси и во сите економски сфери кои се од заеднички интерес, како што се инвестициите, животната средина, енергетиката и сл.

Министерот Незири накусо информираше за актуелниот економски амбиент во земјава, истакнувајќи дека влезот на Република Македонија во ЕУ ќе овозможи уште подобри услови за раст на земјата. „За жал, Република Македонија сѐ уште не е дел од ЕУ, но сепак, благодарение на политиките кои ги креираме, остваруваме значајни економски резултати, а БДП-то го потврдува тоа. Интеграцијата во Унијата за нас би значела забрзување на многу позитивни општествени процеси, вклучувајќи го и економскиот развој. Притоа, како Влада ќе продолжиме да создаваме позитивни околности за развој на бизнисот“, рече Незири на средбата.

Министерот Незири и Амбасадорот Бејли разговараа за развојот на рударскиот сектор и потенцијалите во делот на минералните суровини, проектите за развој на енергетиката и искористувањето на хидропотенцијалот за изградба на мали хидроцентрали, за трговските односи со другите земји и потребата за подобрување на инфраструктурата во регионот и развивање на различни видови сообраќај, коишто за бизнис заедницата претставуваат база за подобрување на деловната соработка, како и за потребата од продлабочување на трговската соработка со САД.     

Скопје, 28.04.2015 

  • email Емаил на пријател
  • print принт верзија
Тагови
Нема тагови за овој текст
КОРИСНИ ЛИНКОВИ