Образец на барање за издавање, продолжување и признавање на лиценца за вршење на енергетска контрола

ИЗВЕСТУВАЊЕ

Заинтересираните правни лица и трговци поединци кои имаат намера да добијат лиценца за вршење на енергетска контрола согласно законот за енергетика е потребно да го пополнат ОБРАЗЕЦ НА БАРАЊЕ ЗА ИЗДАВАЊЕ, ПРОДОЛЖУВАЊЕ И ПРИЗНАВАЊЕ НА ЛИЦЕНЦА ЗА ВРШЕЊЕ НА ЕНЕРГЕТСКА КОНТРОЛА. 

Кон барањето подносителот е должен да достави:

1.Решение за упис во трговски регистар и регистар на други правни лица, што го води Централниот регистар на Република Македонија во оригинал не постар од 6 месеци (тековна состојба - оригинал), 2.Доказ за вработување на најмалку двајца овластени енергетски контролори- (образец М1/М2 со печат од Агенцијата за вработување) и доказ  за издадено овластување за најмалку двајца енергетски контролори од Агенцијата за енергетика на Република Македонија (копија заверена на нотар) и 3.Доказ дека на сметка на Министерството е извршена уплата во висина од 6.000 денари.

 

Уплатата од точка 3 погоре треба да се изврши на жиро сметка на Министерство за економија 1000115547631 28, приходно конто 724171 32 - надоместоци за вршење на енергетска контрола.

  • email Емаил на пријател
  • print принт верзија
Тагови
Нема тагови за овој текст
КОРИСНИ ЛИНКОВИ